Магазин

Почина познат американски режисер

Боб Рафелсон почина во саботата на 89-годишна возраст, а веста вчера ја потврди и Мики Доленц, пејачот и тапанарот на групата Monkees.

Доленц глумеше во ТВ хумористичната серија од 1960-тите „The Monkees“, за рок квартетот во стилот на Битлси, во режија на Рафелсон, и се огласи на Твитер за да ја изрази својата тага за смртта на славниот режисер.

“За жал, Боб почина синоќа, но имав можност да му испратам порака во која ќе му кажам колку сум вечно благодарен што виде нешто во мене. Ти благодарам од се срце пријателе”, напиша тој.

Познат по својата работа за време на ерата на Новиот Холивуд, Рафелсон често соработуваше со актерот Џек Николсон. Дуото работеше на филмот „Five Easy Pieces“, кој на Рафелсон му донесе две номинации за Оскар, за најдобар филм и сценарио во 1971 година. Едно од неговите познати дела е филмот „Поштарот секогаш ѕвони двапати“.

Рафелсон ја создаде ТВ серијата „The Monkees“, освојувајќи ја наградата Еми за извонредна хумористична серија со Берт Шнајдер во 1967 година.

На почеток