Свет

Казна до 750 евра ако вратата е отворена додека работи климата

Од продавниците со климатизација во Франција наскоро ќе се бара да ги затворат вратите кога користат климатизери и да ја ограничат употребата на рекламно осветлување.

Целта на ова правило е да се намали трошењето енергија, рече министерката за еколошка транзиција, Ањеш Паније Ринаше.

Овие правила, кои веќе се применуваат во некои делови на Франција, ќе бидат воведени низ целата земја, најави министерот во интервју за парискиот „Журнал де диманш“, пренесува Би-би-си.

Продавниците кои нема да ја почитуваат оваа мерка ќе бидат казнети со парична казна до 750 евра.

„Апсурдно е да се остави вратата отворена кога е вклучен клима уредот“, рече министерката Паније Ринаше и додаде дека во наредните денови ќе донесе два уредба против трошење енергија, од кои со првиот ќе се продолжи забраната за светлосни реклами, во периодот од 01.00 до 06.00 часот.

Според неа, со втората регулатива ќе се воведе забрана за деловни и стопански објекти да ги отвораат вратите додека работи климата или парното.

На почеток