10 случаи на мајмунски сипаници во Хрватска
Од
Објавено на
Досега во Хрватска се пријавени 10 случаи на мајмунски сипаници, а заболени се мажи на возраст од 30 до 50 години, потврди епидемиологот Горанка Петровиќ.
Петровиќ очекува дека првите дози од вакцината против вирусната болест ќе пристигнат во наредните недели.
Засега се знае дека двајца се заразени во странство, додека за останатите се уште се собираат информации, пренесе Хина.