Македонија

96 години од смртта на Крсте Петков Мисирков: Свеста и чувството дека сум Македонец треба да стојат повисоко од сè друго на светов

На 26 јули во 1926 година во Софија, починал Крсте Петков Мисирков, македонски национален деец, филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, дипломат, револуционер и борец за македонската национална афирмација.

Се школувал во соседните земји и во Русија.

Тоа му овозможувало да ги согледа стремежите на соседните земји кон Македонија и македонскиот народ, но и да ги согледа патиштата за национална слобода на македонскиот народ.

Во 1903 година ја издал книгата „За македонцките работи“, негово фундаментално дело, во кое се истакнува посебноста на македонскиот народ и на македонскиот јазик. Роден бил во Постол, Ениџе-Вардарско, Егејска Македонија, на 18 ноември 1874 година.

Покрај авторската дејност, тој се занимавал и со превод на книжевни дела и собирање на народни творби.

„Свеста и чувството дека сум Македонец треба да стојат повисоко од сè друго на светов. Македонецот не треба да се слева и да се обезличува живеејќи меѓу Бугари и Срби. Ние можеме да ја констатираме блискоста на српските, бугарските и македонските интереси, но сè треба да биде оценувано од македонско гледиште“ – Крсте Петков Мисирков „Самоопределувањето на Македонците“, објавен во весникот „Мир“ на 25 март 1925 год.

На почеток