Скопје

141 сообраќајни прекршоци во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.07.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 141 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 21 санкција, 39 мерки за прекршоци што ги пешаците, 12 санкции за возење без возачка дозвола.
Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за некористење сигурносен појас, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за нерегистрирани возила…
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

На почеток