Охрид

ФОТО: Охрид го направиле депонија, „Охридски Комуналец“ од зори го чисти

Екипи на Јавното претпријатие “Охридски Комуналец” од рано утрово на терен ги расчистуваат големите количини смет кој беше направен во доцните часови.

„Апелираме за подостоинствено однесување во користењето на јавните површини“, вели Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид.

Поради зголемениот број на туристи и гости кои го посетуваат охридското крајбрежје ЈП „Охридски комуналец“ ги интензивира активностите за одржување на јавната чистота. Ангажирани се две цистерни за миење на улици, а како дополнување на тековните активности ангажирана е и метачка.
Со големата цистерна се врши миење на јавните површини согласно Програмата за работа, на локациите каде има поголема фрекфенција на луѓе и автомобили и на местата каде се одржуваат манифестации. Со малата цистерна се врши миење на површините каде пристапот е ограничен, односно потесни улици. Интензивно се врши и машинско метење на јавните површини, тротоари и коловози, со цел за одржување на јавната чистота на повисоко ниво.

На почеток