Свет

20 кинески и тајвански воени бродови се приближија до централната линија на Тајванскиот теснец

Околу 20 кинески и тајвански воени бродови утринава се приближија до централната линија на Тајванскиот теснец, изјави за Ројтерс извор запознаен со ситуацијата.

Според изворот, некои кинески бродови повремено се обидувале да влезат во неофицијалната „тампон зона“, додека тајванските бродови ги следеле нивните движења.

Слични маневри во околината се изведуваат од почетокот на големите воени вежби на кинеската војска со употреба на боева муниција на 1 август.

Извор запознаен со безбедносното планирање во регионот, исто така, рече дека неколку кинески бродови утрово извршиле мисии во близина на источниот брег на Тајван.

To Top