Лексикон „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“ промовиран во Тетово

Од
Објавено на

Лексиконот „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“ на авторите Влатко Милошевски и Зоран Андонов беше промовиран во Тетово.
На речиси 400 страници претставени се биографиите на 246 странски сликари и 590 фотографии од нивните дела создадени во Македонија во периодот помеѓу 1850 и 1950 година. Во Лексиконот има и триесетина дела кои се насликани во Тетово.
Лексиконот е реализиран со поддршка од Министерството за култура како проект од национален интерес.
