Скопје

Возило излетало од патот Скопје-ХЕЦ Козјак

На 06.01.2019 година во 12,45 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-ХЕЦ Козјак, во атарот на с.Варвара, патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистерски таблици, управувано од Д.К.(54) од Скопје, излетало надвор од коловозот и се превртело.

Д.К. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид од страна на СВР-Скопје.

 

На почеток