Македонија

Доколку скенирате сметки: “МојДДВ” од сега е достапна, објавено упатство

На Google playstore корисниците на апликацијата МојДДВ можат да го симнат напредниот начин на скенирање.

„Корисниците на апликацијата треба првин на направат ажурирање (update) на МојДДВ на Playstore, а потоа да се најават на апликацијата и во делот ,,профил,, во прозорчето ,,тип на баркод скенер,, да одберат ,,напреден,,

Управата за јавни приходи исто така информира и дека е во тек исплатата на дел од ДДВ изразено во фискалните сметки кон корисниците кои скенирале фискални сметки во второто тримесечје од 2022 година, а секој корисник може да ја провери состојбата на исплата од МојДДВ на својот кориснички профил на www.epdd.ujp.gov.mk“; стои во соопштението.

На почеток