Ким Џонг Ун прогласи победа во борбата против корона
Од
Објавено на
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун денеска прогласи победа во борбата против коронавирусот.
Во извештајот на државната агенција КЦНА се наведува дека Ким наредил укинување на максималните антиепидемиолошки мерки, пренесува Ројтерс.
Минатата недела севернокорејските власти објавија дека сите пациенти со симптоми на оваа вирусна треска закрепнале, што го означува крајот на првиот бран на пандемијата на коронавирус што избувна кон средината на мај.