Пендаровски денес ќе ја додели Наградата за младинско учество


Доделување на Наградата за младинско учество по повод Меѓународниот ден на младите
Претседателот Стево Пендаровски, денеска – 12 август 2022 година, петок, ќе се обрати на свечената церемонија на доделување на Наградата за младинско учество, што по повод Меѓународниот ден на младите, ќе се одржи во Кабинетот на претседателот, со почеток во 19:00 часот.
Наградата за младинско учество ја доделува Агенцијата за млади и спорт во соработка со Националниот младински совет на Македонија, во три категории: индивидуална категорија (млади на возраст 15-29), категорија за неформални групи на млади (од најмалку 3 членови) и категорија за младински организации, организации за млади и чадор младински организации. Наградата има за цел да го препознае и валоризира трудот на младите при адресирање на различни општествени прашања.
Годинешни носители на наградата се:
– актерката Изабела Јакимова, во индивидуална категорија,
– неформалната група на млади Младите на Една може (One Can Youth), во категоријата на неформални групи на млади, и
– здружението Гоу Грин (Go Green), во категоријата на младински организации, организации за млади и младински чадор организации.
Наградата во трите категории ќе ја врачат Наумче Мојсовски, директор на Агенцијата за млади и спорт и Марија Крстевска, претседателка на Национален младински совет на Македонија.
