Македонија

Македонија ќе плати 6,5 милиони евра казна поради неискористување на заем за изградба на пругата Бељаковци – Крива Паланка, вели ВМРО-ДПМНЕ

Ковачевски пред неколку недели говореше за изградба на пругата кон Бугарија, а пропуштил да каже дека поради неспособноста на неговата влада, Македонија ќе плати 6,5 милиони евра казна за нереализирани средства поради неискористување на заем за изградба на пругата Бељаковци – Крива Паланка, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Или не му кажале на Ковачевски каква штета е направена или тој не разбрал. Имале одобрени средства на располагање, а не ги искористиле нешто да направат за својот народ и својата држава и тоа доволно говори за отсуството на капацитет, кадарност и одговорност на оваа власт.

Веројатно владата на Ковачевски може да конкурира за најштетна влада во светот, да позајмиш пари, да не изградиш ништо и згора на се да платиш камати и казни во износ од 6,5 милиони евра!

А со тие пари можеше да се изгради училиште, детски градинки, патишта, канализации и други проекти.

За ваквата штета по буџетот треба да понесе одговорност или Ковачевски, или Бочварски како ресорен министер или друг надлежен за реализацијата на овој проекти и овој кредит.

За жал, на владата на Ковачевски и СДСМ три нацртани овци да им дадеш да ти чуваат, една ќе изгубат, една ќе украдат, а третата ако имаш среќа ќе си ја вратиш.

Да потсетиме дека владата на СДСМ изгуби 14 милиони евра од Европската банка за изградба на штипската болница, кои беа стопирани како казна за тоа што ништо не се градело цели 4 години. И сега поради СДСМ нема нова штипска болница, која требаше да биде капитален објект во здравството.

Оваа штетност и криминогеност на власта на СДСМ е епска. Што поскоро падне оваа власт толку подобро за Македонија. Затоа е потребно соочување со народот, за да се соочат со казната за сите штетни и неодговорни политики“, се вели во соопштението.

На почеток