Македонија

„Да се пливаше во Созопол или Варна, Пендаровски ќе го поддржеше маратонот“, вели Николовски

Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи објави дека Охрискиот пливачки маратон сепак ќе се одржи, благодарение на градоначалникот Кирил Пецаков кој вети дека ќе направи се да има маратон оваа година.

„Охридскиот пливачки маратон ќе се одржи!

Најголемата фасада и измама на политичката сцена во Македонија Стево Пендаровски се откажа од маратонот! Веројатно да се пливаше во Созопол или Варна ќе го поддржеше!

Но затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се да има маратон! Денес Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков вети дека Општина Охрид ќе направи се да има маратон оваа година, а од следна и ќе го организира самостојно.
Секоја чест за Пецаков! За Пендаровски народот ќе му каже!

Маратонот продолжува“, вели Николовски

На почеток