Најчевска бара да бидат отстранети сите кадри на ДУИ од институциите

Од
Објавено на

По објавените информации дека околу 50 милиони евра е вредноста на украдената струја само од Скопскиот регион, а во Општина Арачиново за една година се краде струја во вредност од 6 милиони евра, се огласи професорката Мирјана Најчевска
„Арачиново е слика на ДУИ и во што би се претворила државата да е само ДУИ на власт.
На добар пат сме да го достигнеме тоа.
Прв чекор е да биде отстранета ДУИ од власт.
Втор чекор е да бидат отстранети сите кадри на ДУИ од институциите.
Трет чекор е граѓанска држава“, вели Најчевска.
