Магазин

(ВИДЕО) Нова песна на ДНК – „Кога би знаела се“

ДНК  во свој стил со посебна новогодишна и божиќна честитка за сите свои фанови, пријатели и вљубеници во модерниот звук. Тие објавија нова песна со наслов „Кога би знаела се“.

Композицијата веќе очекувано е на проверениот тандем – Панчо и Лазар Цветковски, односно музиката е заедничка, текстот е на Панчо, додека аранжманот е дело на Лазар. Но тука не завршува целата приказна, која е љубовна и за која видеото е снимено во Чикаго, САД. Ова е всушност прво видео на ДНК кое е снимено надвор од нашите граници, а интересно е и по тоа дека во него Панчо и Андреј ги има во само неколку кадри. Тие се во улога на улични музичари забавувачи, додека околу нив се развива љубовната приказна меѓу боксерот (ГоГо) и девојката Тина, која работи во теретаната во која тој тренира.

Боксерот ја гледа девојката во која веднаш се вљубува, се запознаваат, ја прашува да излезат… Следува прошетка по шеталиштето во Чикаго, вечера… Токму на вечерата ГоГо и ја покажува поканата за својата прва професионална борба, која е одлична можност да го оствари својот сон. Следува борбата и победата, но Гого не успева да победи и кога е љубовта во прашање… Не успева да ги покаже своите чувства и да ѝ докаже на Тина колку му значи…

Главните улоги во видеото, односно вљубениот боксер и неговата девојка ги глумат Горјан Славески – Гого, Македонец кој живее во САД каде заминал со цел да го оствари својот боксерски сон, девојката Тина ја глуми Емет Мекговерн Џр.; ривал на Гого му е Џозеф Браун; папараци се Силвиа Круз и Давид Бркљач… Тука се и Ненад Инчевски, Џејсон Брендсетер, Вејн Грегори, Сенад Дрпљанин. Кадрите се снимени во Bourbon Cafe – Gregory Boxing and Muay Thai – PXM CROSSFIT, на кои целата екипа им е бескрајно благодарна за поддршката.

„Уживавме додека го правевме видеото. Некако се погоди ова да е прв спот кој го работиме надвор од нашата земја и да е ете во САД. Работевме со голема и, пред сè, мошне професионална екипа која го даде својот максимум, па не се ни сомневавме дека ќе имаме одличен краен производ. Искрено веруваме дека и публиката ќе го дели нашето мислење“, вели Панчо.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток