Охрид

Екипите на Охридски Комуналец на терен во градот и приградските населби

Голем број активности на оперативните служби задолжени за јавното зеленило и јавната чистота, велат од Охридски Комуналец

“Екипите на „Паркови и зеленило„ го расчистуваат патниот правец од с.Лескоец до с.Скребатно. Се отстрануваат гранките од дрвјата и жбунестата вегетација која го попречува нормалното движење на пешаците и возилата, а тревата се коси.

Во с.Пештани активности за тековно хортикултурно одржување на училишниот двор од О.У.„Наум Охридски” и детското игралиште.

Во централното градско подрачје (градски парк, парк Мазија и „Булевар Туристичка” ) активности за тековно одржување на јавното зеленило и хортикултурните содржини.

Продолжуваат секојдневните активности за подигање на наталожениот отпад (реса, муљ, тешко разградлив отпад и др.) од езерските води по градскиот кеј”, велат од претпријатието.

На почеток