Кривична пријава за скопјанец кој имал фалсификувана возачка

Од
Објавено на

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Р.(27) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,фалсификување исправа”, по чл.378 ст.1 од Кривичниот законик. Имено, пријавениот иако знаел и бил свесен дека не поседува валидна возачка дозвола за управување со моторни возила од B, C1, C, C1E, CE, F, G и М категорија, истиот во текот на 2021 година прибавил фалсификувана возачка дозвола за управување на моторни возила со B,C, C1, C1E, CE, F, G и М категорија.
