Македонија

Атлетскиот клуб „Охрид ТрчаТ“ донираше атлетска опрема за основните училишта

Атлетскиот клуб „Охрид ТрчаТ“, денеска, донираше атлетска опрема за сите основни училишта во градот, информира градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.

„Донацијата се состои од сет атлетски реквизити (40 маркери, 2 топки за одделенци, 4 хулахопи, 25 мали топчиња и две мали пречки) кои ќе бидат донирани за секое училиште.

Атлетските реквизити ќе бидат наменети за најмалите ученици и ќе се од особено значење за професорите по физичка култура во делот на реализација на наставата по физичко образование со посебен акцент на атлетиката“, додава тој

На почеток