Македонија

Медат Куртовски од СДСМ победи на изборите во Маврово и Ростуше

Со 3238 наспроти 1900 гласови, кандидатот на СДСМ, Медат Куртовски го предводи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Мевмед Џафери за градоначалник на Маврово и Ростуше, изјави претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски од општината во која веќе ја слават победата.

Оцени дека изборите поминале во демократска и достоинствена атмосфера, а граѓаните својот глас го дале за Куртовски бидејќи сакаат општината да оди напред.

„Маврово и Ростуше масовно и достоинствено гласаше за Медат Куртовски и европската коалиција предводена од СДСМ. 3.238 гласови наспроти 1.900 гласови се потврдата дека Медат одлично си ја врши својата работа последниве 4 и со уште поголем елан продолжува да ја води општината и во следните 4 години, во интерес на граѓаните. Ви благодарам за поддршката и за укажаната доверба и ви честитам и вам и на Медат за изборот за градоначалник.“ рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ додаде дека ова е прва изборна победа откако е претседател на СДСМ и откако ја предводи владејачката, европска коалиција.

Драги сограѓани, денеска покажавте дека во тешки времиња знаете да препознаете вистински политики и знаете да препознаете кој работи за граѓаните. Не само во Маврово и Ростуше, туку и во Центар Жупа победи европскиот концепт на владината коалицијата! Денеска имавме избори во две општини и во двете победија кандидати на нашата коалиција. Ова е прва победа откако јас ја предводам оваа европска коалиција, и значајна е затоа што покажува и ги потврда исправните, вистински политики. Почитувани граѓани, испратена е јасна, гласна и силна порака: Европска Македонија е единствениот апсулутен победник на овие избори денеска.„ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во вечерашното обраќање.

Ковачевски го поздрави и опонентот од ВМРО-ДПМНЕ во трката за градоначалник, коментирајќи го заедничкиот придонес во демократските избори и порачувајќи дека од утре ќе треба сите заедно да градат успешна општина.

На почеток