Магазин

(ВИДЕО) Се огласи човекот кој танцуваше со финската премиерка

По скандалот во Финска за промискуитетното однесување на премиерката Сана Марин, човекот кој се појави на видеото за прв пат проговори.

Откако се појави видеото од нејзиниот интимен танц со финскиот пејач Олави Усивирта, се огласи финската премиерка Сана Марин, но и самиот пејач.

На прес-конференција во петокот, финската премиерка рече дека не се сеќава дека човекот со кој танцувала ја бакнал во вратот. Таа рече дека сама го гледала видеото и изгледа како Усивирта да и кажува нешто.

„Да, точно, јас сум мажена жена, но мислам дека тоа се работи кои се однесуваат на мојот приватен живот и немам намера детално да ги коментирам. Инаку, мислам дека не се случува нешто несоодветно во тоа видео“, изјави Марин.

Усивирта исто така го коментираше видеото во петокот.

„Има многу шпекулации во јавноста за природата на односот меѓу мене и премиерката Сана Марин. Можам само да ја кажам вистината: ние сме пријатели и ништо несоодветно не се случило меѓу нас“, напиша тој на Инстаграм.

На почеток