Македонија

Во Советот на Тетово влегуваат шест партии

Според првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК) по изборите, во Советот на Тетово влегуваат шест партии.

Најмногу гласови освои Беса – 9.620, потоа ДУИ 8.702, ВМРО-ДПМНЕ 3.332, СДСМ 1.953, Алтернатива 1.118 ДПА 1.058. Со тоа, бројот на советници кои ќе ги добие Беса во Советот е 12, ДУИ ќе има 11 советници, ВМРО-ДПМНЕ -4, СДСМ – 2 и Алтернатива и ДПА по еден.

Алијанса за Албанците остана без советник во општината, а во претходниот состав имаше тројца советници.

Во претходниот совет на Тетово, најголем број советници имаше ДУИ – 10, по што следеше Беса со 8.

Беса вчера ја славеше победата на плоштадот во Тетово и повика на предвремени парламентарни избори.

На почеток