Македонија

Села поднесе неотповиклива оставка од функцијата претседател на Алијансата за Албанците

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зиjадин Села попладнево во Тетово поднесе оставка од функцијата.

Села нагласи дека неговата оставка доаѓа како резултат на изборите за општински советници во Тетово, каде неговата партија не успеа да добие ниту еден советник.

„Од овој момент поднесувам неотповиклива оставка од функцијата претседател на Алијансата за Албанците“, изјави Села.

Најави дека во партијата ќе се направат анализи за резултатите од изборите, а дополнително Централното собрание ќе одлучи кој ќе биде вршител на должноста претседател на партијата.

На почеток