Свет

Војската на САД започна напад во Сирија

Американската војска гаѓала објекти на проиранската милиција во источна Сирија, изјави рано утринава портпарол на американската војска.

Овие, како што наведе, „прецизни удари“ биле извршени во вторникот, во провинцијата Деир Езор.

Целта на нападот беше „инфраструктурата што ја користеше Револуционерната гарда“ поврзана со иранскиот режим, рече портпаролот Џо Бучини во соопштението.

На почеток