Магазин

Маркл: Ме обвинија затоа што сум амбициозна

Меган Маркл откри дека била критикувана за нејзините амбиции кога ја започнала врската со принцот Хари, велејќи дека тоа било „страшна работа“.

Таа додала дека кога била млада, амбициозноста ја мислела како позитивна особина, уште пред да наиде на „етикети“ и обичаи кои ги кочат жените.

Во првиот од нејзините нови подкасти наречени Archetypes, објавени на Spotify, Меган изрази желба да ги истражи „ограничувањата што им се ставаат на жените“.

Двојката донесе одлука да се повлече од кралските должности во 2020 година пред да се пресели во Калифорнија и да го даде сега светски познатото интервју на Опра Винфри.

„Не се сеќавам дека лично чувствував негативна конотација зад зборот – амбициозно, додека не почнав да излегувам со мојот сегашен сопруг, а очигледно амбицијата е ужасна, страшна работа. За жените“, вели Меган Маркл.

„Откако ја почувствував негативноста зад тоа, не можам а да не ја видам кај милиони девојки и жени“, додаде таа.

Меган објасни дека сака да ги истражува стереотипите кои ги ограничуваат жените и дека сака да ги сподели своите искуства, како и искуствата на другите жени, со надеж дека нејзиното „сопствено искуство – ќе им помогне на другите жени да се отворат и да ги откријат можните нивоа на напредување“.

Меган зборуваше и за тоа како на жените се гледа поинаку кога ќе станат мајки: „Постои двоен стандард помеѓу тоа како се третираат мажите и жените откако ќе имаат деца, и тоа е толку реално, што го почувствував тоа“.

На почеток