Македонија

ЕВН ќе работи на терен во Арачиново, а полицијата ќе постапува за кражби на струја

Министерот Крешник Бектеши вели оти е точно дека има загуби на електрична енергија во Општина Арачиново, меѓутоа, како што посочи, загуба има и во Куманово, Тетово, Гостивар, Кичево, Скопје, а најави дека кај сите овие општини и останатите ќе се постапува согласно закон

Повика сите да ги почитуваат законите и да нема штета на снабдувањето со електрична енергија.

„Да, точно е дека има загуби на енергија, но не се само во Арачиново, и да се земе дека во Арачиново се краде електрична енергија. Во секоја општина, па и во секое семејство има некои кои не ги почитуваат регулативите. Од понеделник екипите на ЕВН ќе дојдат, ќе работат на терен и ќе наплаќа“, рече Бектеши.

16.2 отсто има загуби на струја во Куманово, 12.1 отсто во Кичево, но и во Скопје и други општини. Бектеши вели дека загубите на електрична енергија се на товар на сите граѓани.

Тој рече дека полицијата ќе постапува во сите општини каде има загуби на енергија. Државата ќе прогласи енергетска криза.

На почеток