Македонија

Мицкоски не може да се соземе од поразот, вели СДСМ

Христијан Мицкоски се уште не може да се соземе од изборниот пораз што му се случи на вонредните локални избори и шамарот што го доби од граѓаните, вели СДСМ

„Седум дена Мицкоски не кажа ниту збор за вонредните локални избори. ВМРО-ДПМНЕ загуби во двете општини каде што се избираа градоначалници и регистрираше драстичен пад на гласовите.

Нема Мицкоски што да каже. Граѓаните му кажаа дека се против блокади и деструкции, јасно порачаа дека се за развој, напредок, поголеми плати, европски вредности и сигурна иднина и застанаа зад СДСМ и Коалицијата“, се вели во соопштението.

На почеток