Почина актер од серијата „Беверли Хилс“
Од
Објавено на
Актерот Џозеф Е. Тата, најпознат по улогата на Нејт, сопственикот на „Пич пита“ во серијата „Беверли Хилс“, почина на 86-годишна возраст.
Веста за неговата смрт ја сподели Иан Зиринг, кој го играше Стив во серијата.
„Во последните неколку месеци ја загубивме Џесика Клајн, една од најуспешните писателки и продуценти на серијата 90210, ја загубивме Дениз Доус, која ја играше г-ѓа. Тисли, и многу сум тажен што можам да споделам со вас дека и Џо Е. Тата почина. Тој беше еден од најзабавните луѓе со кои сум работел, дарежлив, мудар и добар“, напиша Иан.
Според Deadline, на Џо му била дијагностицирана Алцхајмерова болест во 2018 година.
View this post on Instagram