Македонија

Мицкоски е зашеметен од шамарот што го доби од граѓаните, вели СДСМ

Со денови молк од Христијан Мицкоски за резултатот од вонредните локални избори, на кои ВМРО-ДПМНЕ доживеа дебакл, вели СДСМ

„Зашеметен од шамарот што го доби од граѓаните, драстичниот пад на гласовите за ВМРО-ДПМНЕ и изборниот пораз на првото изборно соочување со СДСМ, откако на чело на партијата е Димитар Ковачевски.

Ниту збор од Мицкоски за тоа што со разлика од 1.300 гласа беше поразен нивниот кандидат за градоначалник на Маврово Ростуше, кој воедно е член на Извршниот комитет на партијата.

Ниту збор од Мицкоски за тоа што не успеа да ги блокира изборите во Центар Жупа и победи кандидат на коалицијата предводена од СДСМ.

Двојната победа на СДСМ и коалицијата во Центар Жупа и Маврово Ростуше и значителниот пад на гласовите за ВМРО-ДПМНЕ во Тетово покажаа дека граѓаните не сакаат деструкции и блокади, туку напредок, развој, европска држава и европски вредности.

Затоа е молкот на Мицкоски“, се вели во соопштението.

На почеток