Магазин

(ФОТО) Го сретнале Кијану Ривс во хотел, па го поканиле на свадба

Холивудскиот актер Киану Ривс спаѓа во групата на омилени актери не само поради неговиот талент, туку и поради тоа што е исклучително едноставна и пријатна личност. И оваа приказна го потврдува тоа.

Познатиот актер моментално се наоѓа во Нортхемптоншир, каде што учествува на снимањето на документарниот филм за Формула 1 за „Дизни плус“, пишува „Дејли мејл“.

Таму престојувал во луксузен хотел, каде сосема случајно сретнал младоженец на денот на неговата свадба.

Младоженецот кога го видел во хотелот, му пришол и го прашал дали ќе му се придружи на свадбата.

Актерот се согласил.

“Тој беше толку љубезен и ни честиташе на нашата венчавка. Направивме неколку фотографии, потоа одвои време да разговара со нашите гости и да се фотографира и со нив“, рекла невестата.

Да потсетиме, ова не е прв пат актерот да израдува пар на свадба. Истото го направи и во 2018 година на свадба во Њујорк.

На почеток