Рекордна поддршка за лозарите, откупни цени поголеми за 30 отсто, вели СДСМ


СДСМ, со вистински мерки и политики, низ партнерски однос и со лозарите и винариите, обезбеди рекордна помош и поддршка за секторот, која дава конкретни резултати, вели СДСМ
„Постигнати се историски највисоките цени за откуп на грозјето, зголемени за 30 отсто во однос на претходната година.
Се воведува дополнителна мерка од 2 денари за килограм, со што откупната цена ќе биде 15 денари за смедеревка и 17 денари за вранец.
Покрај највисоките откупни цени лозарите добиваат субвенции од 40.000 денари за одржување на лозовите насади, како и 4.200 денари по хектар за зелена нафта.
Веќе трета година по ред извозот на вино бележи пораст, и во количина и во вредност.
Република Северна Македонија е втор најголем извозник на вино во регионот, по Грција. Лани извозот од македонските винарии во вредност од 61 милиони долари е зголемен за 19 отсто во однос на 2020 година.
Се овозможува финансиска поддршка до 10.000 евра за малите семејни винарии за набавка на опрема за производство, а секоја година се одвојуваат средства за промоција на македонските вина на саемите низ светот.
Растот на откупните цени на грозјето и на извозот на вино се должи на мерките и политики што изминатите години ги реализира Владата предводена од СДСМ за лозарството и винарството.
СДСМ продолжува со вистинска грижа, за унапредување и натамоштен раст и развој на лозарството и винарството“, се вели во соопштението.
