Македонија

(ВИДЕО) Марко е пливачки херој, Охрид горд на него, а по испливани 64 км пречекан со аплаузи

Охриѓанецот Марко Пејчиновски неодамна објави дека ова лето ќе има 10 препливувања во 10 викенди и ќе исплива 250 километри. Тој пред малку пристигна на градското пристаниште во Охрид и успешно ја заврши делницата од 64 километри на празникот Успение на Пресвета Богородица.

Марко беше пречекан од голем број на љубители на овој спорт, но и поддржувачи на неговиот голем подвиг Охрид-Струга-Св. Наум-Охрид.

„Некогаш неостварена желба, сега реализирана цел. Марко го заврши последниот подвиг за време од 21 часа 42 минути“, стои во описот на видеото.

На почеток