Мизинцев: Од Украина се извезени 625.000 тони храна
Од Украина досега по морски пат се извезени над 625.000 тони прехранбени производи, изјави шефот на координативниот штаб за хуманитарни прашања и началник на Националниот центар за управување со одбраната на Руската Федерација Михаил Мизинцев.
Како што прецизираше, од вкупно 625.050 тони, извезени се 487.463 тони пченка, 50.301 тони брашно, 11.000 тони соја, 13.250 тони сончогледово масло, 31.622 тони смеса, 514 до 102 тони пченица.
Сепак, Мизинцев го привлече вниманието на фактот дека 52 странски брода сè уште се блокирани во пристаништата Херсон, Николаев, Черноморска, Очаков, Одеса и Јужно.
Истовремено, тој додаде дека од почетокот на имплементацијата на Договорот за храна на 1 август, од украинските пристаништа испловија 25 бродови, од кои 18 претходно беа блокирани.