Скопје

Скопје поплавено, а партиите се препукуваат за невремето

Скопје попладнево го зафати силно невреме што предизвика поплави низ градот. ВМРО-ДПМНЕ веднаш го искористија тоа за да ги испофалат своите градоначалници кои веднаш искочија на терен.

„Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ од скопските општини Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба и Бутел се на терен по невремето кое го зафати Град Скопје.

На терен веќе се работи за целосно расчистување на последиците настанати од невремето“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Се огласи и СДСМ, од каде велат дека опозицијата никаде ја нема.

„Кризните штабови ги утврдуваат штетите и истите ќе бидат посочени до надлежните градски претпријатија и ќе бидат санирани во најкраток рок.

Скопје е поплавено. Улици и булевари под вода, заглавени граѓани, возила, паднати дрвја, штети, полавени подруми… А локалната власт од ВМРО-ДПМНЕ никаде ја нема“, се вели во соопштнеието од СДСМ.

На почеток