Бајден до Израел: Нема да дозволиме Иран да изгради нуклеарно оружје
Американскиот претседател Џозеф Бајден му рече на израелскиот премиер Јаир Лапид дека Америка никогаш нема да дозволи Иран да изгради нуклеарно оружје. Ова го соопшти Белата куќа.
„Во текот на разговорот, претседателот истакна дека Америка е посветена никогаш да не дозволи Иран да се здобие со нуклеарно оружје“, соопшти Белата куќа, пренесе Ројтерс.
На задоволство на Израел, како што оценува Ројтерс, поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја повлече Америка од нуклеарниот договор со Иран во 2018 година и воведе остри санкции кон Техеран, но Бајден вети дека ќе се обиде да го оживее договорот и во исто време да ја обезбеди безбедноста на Израел.
Британската новинска агенција додава дека заживувањето на нуклеарниот договор од 2015 година се чинело како однапред завршен заклучок во март, но во директните разговори меѓу Техеран и Вашингтон, имало несогласувања за неколку прашања, вклучувајќи го и инсистирањето на Техеран дека Меѓународната агенција за атмосферска енергија (МААЕ) не да ги испита трагите од ураниум пронајдени на три непријавени места каде што не треба да се најде ураниум.