Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, а на планинските превои со остатоци од кашест снег на коловозот.
„Забрана за движење на тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово-Дебар и Струга граничен премин Ќафасан.
Снег врне на П.Шапка, во Маврово,Дебар,Охрид,Струга,Кичево и на планинските премини Стража,Буково,Ѓавато,Плетвар,Пресека и Железнец.
Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица“, велат од Македонијапат.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.