Бајден: Русија не треба да биде етикетирана како државен спонзор на тероризмот
Од
Објавено на
Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави дека Русија не треба да биде етикетирана како државен спонзор на тероризмот.
Ова е потег што Украина веќе некое време го бара од Западот поради инвазијата, но и поради руските воени злосторства извршени на украинска територија.
Москва, од друга страна, предупредува дека ваквата етикета целосно ќе ги урне руско-американските односи.
На прашањето на новинарите дали Русија треба да биде означена како државен спонзор на тероризмот, Бајден кратко одговори: „Не“.
Некои од американските пратеници претходно исто така предложија Русија да се означи како спонзор на тероризмот, потсетува Гардијан.