Граѓаните револтирани: Дали ова личи на урбана општина во Скопје
Вчера на социјалните мрежи беше објавена фотографија од преполни контејнери во Карпош и ѓубре околу нив.
„@OpstinaKarpos @CityofSkopje дали ова личи на урбана општина во Скопје. Дал сте нормални“, стои во описот на фотографијата.
@OpstinaKarpos @CityofSkopje дали ова личи на урбана општина во Скопје. Дал сте нормални. pic.twitter.com/j0IbCE3esl
— Master Yoda (@masteryoda985) September 5, 2022
Под објавата реагираа од Општина Карпош. Велат дека тоа е должност на ЈП Комунална хигиена.
„Испративме допис до ЈП Комунална хигиена, тие се надлежни за собирање и за дислоцирање“, стои во одоговорот.
Испративме допис до ЈП Комунална хигиена, тие се надлежни за собирање и за дислоцирање.
— Opstina Karpos (Municipality of Karposh) (@OpstinaKarpos) September 6, 2022