(ВИДЕО) „Куќен притвор“ – нова хит-серија по теркот на „Преспав“
Од
Објавено на
Набргу ќе почне да се прикажува новата македонска серија „Куќен притвор“, во која главната улога ќе ја има инспекторот Томе од „Преспав“. Серијата ќе се прикажува на Македонската телевизија, а се фокусира на животот и семејството на корумпираниот инспектор од пансионот на браќата Бузалевски.
„ОХО продукција“ веќе го објави првиот трејлер од серијата.
Главните улоги во новата серија ги глумат Горан Стојановски, Ирена Ристиќ, Сашко Коцев, Дениз Абдула, Јована Спасиќ и Зоран Љутков.