Пецаков: И после 31 години, ние како Македонци, повторно сме пред предизвик, за да го зачуваме нашиот национален и идентитетски корен
Изминаа 31 година, кога сонот на многу генерации Македонци стана реалност, а нашата Татковина, Република Македонија ја прогласи својата независнот, вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
„Во историски контекст краток период за една држава, но доволно долг за да ја потврдивме нашата цврста определба за демократска и просперитна Македонија.
За жал и после 31 години, ние како Македонци, повторно сме исправени пред предизвик, кој треба и мора да го совладаме, за да го зачуваме нашиот национален и идентитетски корен.
Овој ден, сигурен сум, ќе не обедини сите во вечниот стремеж за подобра Македонија. Уверен сум дека граѓаните на Охрид како непресушен вруток на македонската историја, култура и духовност ќе го дадат својот несебичен придонес за просперитетна иднина на сите граѓани.
Да ни е среќен и вековит празникот“, додава тој.