Ердоган до Западот: Провоцирате

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган го критикуваше колективниот Запад дека инсистира на политиката на провокација од Москва.
Како што јави Раша тудеј, Ердоган ова го изјавил по средбата со претседателот на Србија, со кој се сретна во Белград, во рамки на неговата балканска турнеја чија цел е промовирање на турската регионална дипломатија.
„Јасно можам да кажам дека мислам дека политиката на Западот кон Русија не е коректна, бидејќи таа политика се заснова на провокации“, рече Ердоган.
„Нема да ги именувам сега, но има неколку западни земји чиј пристап кон ова прашање, според нас, не е точен. Затоа што, кога ја следите политиката на провокации, нема да постигнете резултати“, рече Ердоган.
Анкара се залага, како што објави Раша тудеј, за балансирана политика која веќе даде резултати во форма на договор за житото постигнат на крајот на јули, додаде турскиот претседател.
Тој ги коментираше и испораките на огромни количини оружје за Украина, велејќи дека тоа се „остаток“.
