Свет

Израелските сили убија палестински тинејџер

Израелските сили денеска убија палестински тинејџер на окупираниот Западен Брег, соопштија палестинските власти

Ова беше соопштено откако претходно израелската армија објави дека убиениот млад човек со камен удрил војник во лице.

Армијата додаде дека војникот бил полесно ранет и покажал фотографија од камен и нож, за кои велат дека ги поседувал Палестинец, пренесе АП. Палестинското Министерство за здравство ја потврди смртта на тинејџер во близина на Бајтин, идентификувајќи го како Хаитам Мубарак (17).

Групите за човекови права ги обвинуваат израелските сили за употреба на прекумерна сила во конфликтот со Палестинците и дека не одговараат.

Армијата објаснува дека се соочува со сложени опасни по живот ситуации.

На почеток