Свет

Украина санкционира повеќе од 600 претставници на руските власти

Советот за национална безбедност и одбрана на Украина (НСДЦ) воведе санкции против 606 претставници на руските власти, соопшти денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. Според украинскиот портал Страна.уа, Зеленски додал дека повеќето од пратениците во прашање се пратеници на Државната дума.

Според него, воведени се санкции за 28 членови на Советот за безбедност на Русија, 154 членови на Советот на Федерацијата на Русија и 424 пратеници на Државната дума, пренесува РИА Новости.

Зеленски истакна дека, врз основа на предлогот на Службата за безбедност на Украина (СБУ) и во согласност со сегашната легислатива, одлучил да им го одземе украинското државјанство на оние санкционирани лица за кои ќе се утврди дека имаат странско државјанство, вклучително и руско и романско.

На почеток