Сончево со мала до умерена локална облачност
Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне особено на северозапад ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со услови за пороен дожд и грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната од 26 до 31 степен. УВ=7
Во Скопје и во околината сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Од пладневните часови краткотрајно ќе има услови за појава на пороен дожд.
Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Во сабота попладне и во вечерните часови ќе има локална појава на нестабилна облачност со повремено пороен дожд и грмежи, а во недела условите за нестабилност ќе се намалат.
Во понеделник ќе биде ветровито со засилен северозападен ветер и ќе започне период на постабилно време.