Владата со куп грешки во телеграмата со сочувство за кралицата, ѝ се обратиле со височество наместо со величество
Од
Објавено на
На Фејсбук профилот „Академија за протокол“, објавен е статус околу телеграмата за сочувство по повод смртта на Елизабета Втора која ја испрати владата.
„Во врска со телеграмата за сочувство испратена од нашата влада по повод смртта на Елизабета Втора, само ќе порачам до владиниот протокол дека кралица/крал се ословуваат со величество, а не височество.
Околу стилот на телеграмата, светлите факели, планетарните освестувања и трезвените моменти, и сето тоа нелекторирано, оставам секој сам, почитувани пријатели, да процени.
Се надевам дека барем верзијата на англиски јазик е подобра“, стои во објавата.