Македонија

(ВИДЕО) Започна 35. Охридски пливачки маратон

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков им посака мирни води на пливачите на 35. Охридски пливачки маратон.

„Започна 35. Охридски пливачки маратон.
Им посакувам мирни води на пливачите.
Ве поканувам на градското пристаниште да ги пречекаме, а од 14 часот да уживаме во настапот на Ансамблот “Билјана јуниор”“, вели Пецаков.

Охридскиот маратон традиционално се одржуваше под покровителство на Претседателот на државата, но од неговиот кабинет стигна соопштение дека оваа година нема да се одржи поради блокирана сметка на федерацијата.

Градоначалникот Кирил Пецаков синоќа на социјалните мрежи напиша дека Охрид бил целосно подготвен за одржување на пливачкиот маратон.

„Општина Охрид беше целосно подготвена за техничката организација затоа што маратонот е голем промотор на нашиот град во светски рамки. Срамната одлука за неодружување на најголемата меѓународна спортска манифестација во Македонија доаѓа во годината кога се слави 60 години од првиот вистински маратон“, напиша претходно Пецаков на социјалните мрежи.

На почеток