Над 60% од Македонците би излегле на Референдум, вели ВМРО-ДПМНЕ
Антимакедонската СДС да не ја изопачува вистината, Референдумот е против нивниот штетен договор, кој народот не го поддржува, вели ВМРО-ДПМНЕ
„Над 60% од Македонците би излегле на Референдум. Обврска е тој да се случи со цел народот да може да го каже својот став.
Ако од антимакедонската СДС малку си веруваа себе тогаш ќе го поддржеа Референдумот, но тие бегаат затоа што знаат дека народот е изразито против нивните политики.
Ковачевски и Пендаровски да не се плашат и да прифатат Референдум заедно со предвремени претседателски и парламентарни избори.
Антимакедонската СДС бега затоа што знае дека народот не го поддржува ниту договорот со Бугарија ниту нивните деструктивни политики и неспособност“, се вели во соопштението.