Скопје

Трагедија во Ѓорче: Почина 11-годишното момчe, врз кое падна пречка од гол и се бореше за живот

Момчето на 12-годишна возраст од скопско Ѓорче Петров, по еден месец борба за живот, почина на КАРИЛ. Врз него, во август годинава падна статива од гол на фудбалски терен. Лекарите се бореа за неговиот живот, но не успеаја да го спасат. Според извори на „Скопје1“, кај момчето постојано имало подобрувања во здравствената состојба, но и влошувања.

По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција, а се води постапка и за причините поради кои се случи оваа трагедија.

Во Полициската станица во Кавадарци кога во август се случи настанот било пријавено дека на фудбалскиот терен во рамки на детското одморалиште Михајлово – Кавадарци, каде престојувале ученици од основно училиште од Скопје, еден малолетник бил повреден откако пречката од голот се превртела и паднала.

Од МВР тогаш информираа дека малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје, а на местото на несреќата беше извршен увид од страна на увидна екипа од Кавадарци.

На почеток