Иран ја отфрли како неконструктивна најавата на Франција, Велика Британија и Германија
Иран денеска ја отфрли како неконструктивна најавата на Франција, Велика Британија и Германија, објавија иранските државни медиуми.
Во извештајот се наведува дека барањата на Техеран ги загрозуваат преговорите за заживување на нуклеарниот договор од 2015 година со светските сили.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани, рече дека најавата е неконструктивна, додавајќи дека на трите европски земји им се советува да играат поактивна улога во изнаоѓањето решенија за ставање крај на неколкуте преостанати разлики, објави Ројтерс.
Во соопштението, трите европски сили изразија незадоволство од барањето на Иран во нуклеарните разговори Меѓународната агенција за атомска енергија да ја затвори истрагата за трагите од ураниум пронајдени на три локации.