Драма во Скопје: Направиле сообраќајка, па кога се обиделе да му го одземат пиштолот пукал во нога
На 10.09.2022 во 16.00 часот во СВР Скопје Б.Ј.(38) од Скопје пријавил дека на ул.„Алија Авдовиќ“, во близина на црквата, имало пукање и повредено лице од огнено оружје.
Полициски службеници веднаш излегле на местото при што било констатирано дека околу 15.45 часот, по претходна сообраќајна незгода на истата локација помеѓу патничко возило „фолксваген туаран”, управувано од пријавителот и патничко возило „сеат алтеа”, управувано од Б.К.(20) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки, настанала вербална расправија при што дошло до физички напад.
Притоа, Б.Ј.(34), кој според пријавеното бил сопственик на возилото „сеат”, извадил пиштол, кој при обид да му биде одземен испукал и со повреда во ногата се здобил Б.Ј., брат на пријавителот. Тој заедно со С.Ј., роднина на пријавителот, кој се здобил со повреда при физичкиот напад, биле пренесени во Ургентен центар за укажување на медицинска помош.
Известен е Јавен обвинител, распишана е централна потерница за пронаоѓање на сторителот и се работи на расчистување на случајот.